Почнуваат проектните активности за изградба на мини акумулација на Пониква

Од:

Локалната самоуправа на Кочани ги почна проектните активности за изградба на мини акумулација на Осоговските Планини за водоснабдување на туристичкиот центар Пониква.

Во тек е постапката за избор на фирма што ќе ги направи истражните геотехнички испитувања и ќе изработи основен проект за браната, а за што од општинскиот буџет е планирано да се потрошат близу 2,2 милиони денари.

-Мини акумулацијата ќе биде лоцирана во месноста Арамиска чешма, во непосредна близина на Пониква и главна цел е да обезбедува вода за постојните и новите викендички во населбата, за одморалиштата, како и за планинските поила за сточниот фонд. Вкупниот капацитет на браната е планиран на околу 52 илјади кубни метри вода, а височината на насипниот преграден ѕид е 19,5 метри. Освен за водоснабдување, таа ќе треба да обезбедува и вода за производство на вештачки снег, истакна Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам на Општина Кочани.

Со оглед на специфичната локација на акумулацијата, за да се обезбедат доволни количини вода, освен постојниот поток, предвидено е да се изградат и три доводни канали со должина од 660 до 1.300 метри кои ќе опфаќаат дополнителна сливна површина.

Проектната документација треба да биде изработена во период од седум месеци по потпишувањето на договорот со фирмата што ќе биде избрана на тендерската постапка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот