Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од:

Вакцинацијата против сезонски грип во Скопје почнува од утре. Годинава, како и минатата, набавени се околу 30.000 дози, со кои се опфатени и јавните и приватните здравствени установи.

Заинтересираните граѓани кои сакаат да примат може да се обратат во Центарот за јавно здравје во Скопје од осум до 18 часот од понеделник до петок, а во сабота и на државните празници вакцината може да се прими од 8 до 14 часот.

Во останатите центри за јавно здравје со вакцинација ќе се почне до крајот на неделава.

Вакцината ги покрива сите типови вирус на грип, кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија. Цената на вакцинацијата против сезонски грип изнесува 400 денари.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски