Почнува тестирање на дебарчани за имунитет на вирусот Ковид-19

Од:

Дваесет до триесет отсто од жителите на Дебар ќе бидат тестирани за да се открие дали стекнале имунитет на коронавирусот, извести денес министерот за здравство Венко Филипче. За ваков скрининг на населението епидемилозите се одлучиле поради тоа што Дебар повеќе нема новозаболени од коронавирусот.

„Со оглед на тоа што во Министерството добивме донација од 20.000 тестови за дијагностика на антитела и со оглед на тоа што ситуацијата во Дебар е таква да веќе во тој регион немаме новодијагностицирани пациенти, сите пациенти закрепнуваат, ги чекаме и вторите тестови за да се види дали се негативизирани, ќе направиме еден скрининг во бројка од дваесет до триесет отсто од вкупното население во регионите во кои досега имаше мерки за рестрикција на движење воведени уште пред вонредната состојба. Со ова сакаме да се процени имунитетот што ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава“, рече министерот Филипче.

Вакви тестирања на населението министерот најави дека ќе се прават и во други делови од земјата согласно времето на епидемијата и согласно движењето на епидемиолошката крива.

Дебар и Центар Жупа беа во карантин од 14 март откако епидемилозите утврдија дека вирусот се пренесува локално. Според евиденцијата на Центарот за управување со кризи во Дебар се регистрирани 49 заболени од коронавирус од кои 16 се излекувани, за 8 се чекаат резултати од второ тестирање, 29 се на домашно лекување и 4 се починати.

Епидемиолозите известија дека во последните десет дена во Дебар не е регистриран нов заболен од коронавирус.

По предлог на Главниот координативен кризен штаб, Владата попладнево ги укина карантинските мерки за Дебар. Со тоа за жителите на Дебар нема да важат досегашните дополнителни ограничувања туку ќе бидат обврзани да ги почитуваат мерките што се почитуваат на ниво на цела држава.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он