Денеска во Основниот суд во Гостивар почнува судењето на полицаецот, Јаќим Трифуновски кој на 28-ми февруари годинава уби двајца свои соседи, Бесник Шехапи и Имран Мехмеди во Гостивар.
Во јавноста по убиството се појавија повеќе веризии зошто се случило.
Трифуновски, кој не бил на работа, со службениот пиштол ги застрелал Шехапи и Мехмеди. Тогаш, според изјавата на очевидци, сега починатите го навредувале полицаецот пред очите на неговата малолетна ќерка која била со него во автомобилот.
Другата верзија е дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Семејството на Трифуновски се наоѓа под полициска заштита надвор од Гостивар.
Двојното убиство ги зовре меѓуетничките тензии до критична точка.