Почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска

Од:

Со отворање на главната расправа денеска во Основниот суд во Охрид започнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓорѓиеска од Охрид, што се случи на 15 ноември.

Предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија. Од Основниот суд информираа дека ќе обезбедат транспарентност на процесот согласно законски предвидените рамки.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишникот Корабоски за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Претходно, Основниот суд во Охрид му одреди притвор во траење до 30 дена.

Од Обвинителството тогаш информираа дека при вршење семејно насилство обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на оштетената. Во текот на истрагата, оштетената била испитана во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење за видот и карактерот на повредите.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до судот доставил и предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите утврдени во предметот.

Би можело да ве интересира

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара – кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

30 дена притвор за Кристијан Корабоски

Катерина Ѓуровски

Обвинителство бара притвор за Кристијан Корабовски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара

Горан Наумовски

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Горан Наумовски