• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Почнува со работа заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција

by А1он02/11/2018 - 12:45177
Share0

Од денес почнува со работа Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања од Македонија и Грција, соопштуваат од грчкото МНР.

Добивај вести на вибер

-Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа дека работата на комисијата ќе почне привремено, додека не стапи во сила договорот. Договорената привремена работа е резултат на познавањето на двете страни дека до тогаш, ќе треба да бидат донесени сите неопходни одлуки за веќе од следната учебна година, ниту еден учебник или помошен училишен материјал да не треба да содржи иредентистички/ ревизионистички наводи, како што налага Договорот од Преспа, соопштуваат од грчкото МНР.

Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција, објаснуваат дека е познато дека за да се спроведат одлуките што се однесуваат на учебниците, потребно е време од неколку месеци и затоа треба навремено да се донесат одлуките за да биде можно нивно спроведување откако ќе стапи на сила Договорот од Преспа.

Амбасадорот Виктор Габер, кој го предводи македонскиот тим, пред два дена,најави дека состанокот ќе се одржи во Солун до крајот на оваа седмица.

Имињата на членовите од македонска и грчка страна беа доставени во грчкиот Парламент, во писмениот одговор на тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по пратеничкото прашање на пратеничката од Нова демократија Софиа Вултепси.

Професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе, се членовите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања од македонска страна, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Од Грција, пак, во комитетот што го предводи заменик министерот за надворешни работи, Маркос Боларис, членовите се во најголем дел професори од солунските универзитети.

Од Универзитетот „Аристотел“ во Солун се професорите Спиридон Сфетас, Јаковос Михаилидис и Атанасиос Лупа од Катедрата за историја и археологија. Професорот Николаос Заикос, е од Катедрата за балкански, словенски и источни студии на солунскиот Универзитет „Македониа“. Додека, пак, останатите членови се професорката Александра Јоаниду од Катедрата за руски јазик и филологија и словенски студии на атинскиот универзитет „Каподистриан“ и Ефтимиос Харлавтис, од Директоратот за земјите од Југоисточна Европа во грчкото МНР.

Согласно со Член 8 став 5 од Договорот од Преспа, од 17 јуни, во септември беше формиран Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања. ср/сд/

grcijaimetozike

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он12/01/2026 - 17:52

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:27

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен