Од денеска започнуваат градежните активности за санација на мостот на реката Пчиња во селото Долно Коњаре.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски.
Мостот е со должина од 136 метри и е изграден пред 32 години.