Почнува реконструкцијата на фасадата и промена на кровот на штипското осночно училиште „Тошо Арсов“

Од:

Почнаа подготвителните активности за реконструкција на фасадата на зградата на Општинското основно училиште „Тошо Арсов“, како и на фасадата на спортската сала. Во рамките на оваа реконструкција целосно ќе се мени и кровот на двата објекти, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тој рече дека се работи за поголема капитална инвестиција која ќе даде нов изглед на училиштето и ќе придонесе за подобри услови на учениците и наставниот кадар.

-Ова е поголема инвестиција од над 650.000 евра и со овие средства целосно ќе се реконструира фасадата и кровот во целото училиште и спортската сала. Досега тука имаме инвестирано во реконструкција на санитарните јазли, промена на прозорците после неколку децении, реконструкција на дворот и дворната површина, вели Бочварски.

Директорката на ООУ „Тошо Арсов“, Фросина Маџарова изјави дека по неколкуте укажувања од интегралните инспекции конечно се започнува со реконструкција и поставување на нов кров и термоизолациона фасада. Лани во ова училиште по 14 години беа променети и прозорците и вратите, со што се реши неколку деценискиот проблем со затоплувањето и провевот во училиштето.

Раководителката на Секторот за образование при Општина Штип, Билјана Казанџиска рече дека се работи на темелно реконструирање во основните училишта и во изминатите две години се вложени сериозни средства од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип