Почнува прославата „Денови на св. Мајка Тереза“ во Скопје

Од:

Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од денеска до 11 септември ќе се одржува во Скопје по повод канонизацијата на Мајка Тереза.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски најави дека Град Скопје со еден милион денари ќе ја помогне прославата.

Католичката црква во Скопје денеска ќе одржи миса во капелата на Мајка Тереза во Спомен куќата во знак на една благодарност, додека утре организира целодневно обожување. 

Од 5-ти до 11-ти септември во Скопје ќе има и серија хуманитарни активности. 

Во сабота на 10 септември ќе се одржи света литургија предводена од белградскиот надбискуп Станислав Хочевар, а веднаш потоа и бдеење.

Централната прослава – понтификална света миса ќе се одржи во недела на 11 септември на плоштадот „Македонија“ предводена од специјалниот папски кардинал сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ.
Организатор на прославата е Скопската бискупија, а покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза