Почнува пријавувањето за полагање англиски јазик за таксистите

Од:

Такси возачите од денеска до 15 април може да се пријавуваат за полагање испит по англиски јазик, соопшти Министерството за транспорт и врски. Испитот е бесплатен, а по неговото положување таксистите добиваат соодветен сертификат.

Согласно Законот за патен сообраќај, сертификатот ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.

– Сите авто такси возачи мора да имаат сертификат за познавање основен степен на англиски јазик. Сертификатот е воедно еден од условите за добивање лиценца за вршење авто такси превоз, потсетува Министерството.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронската пошта [email protected]. Покрај пријавата која може да се најде на веб страницата на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат и М1/М2 образец не постар од 60 дена, како и копија од лична карта.

На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании. Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страницата на Министерството. 

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Таксистите бараат Град Скопје да го реши хаосот со такси превозот

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски