Почнува новата академска година

Од:

На државните универзитети во Македонија денеска почнува новата академска 2015/2016 година.

За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство.

На првиот академски час на на Државниот универзитет во Тетово ќе присуствува министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и ректорот Вулнет Амети, а на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ свеченоста за студентите од Медицинскиот, Правниот и од трите академии ќе биде организирана во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет каде ќе се обратат заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и новиот ректор Блажо Боев.

Од Скопскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ информираат дека ректорот Велимир Стојковски ќе ги поздрави бруцошите на Медицинскиот факултет, а на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ новоименуваниот ректор Сашо Коруновски ќе се обрати пред студентите на Техничкиот факултет.

За упис во прва година на државните универзитети имаше два рока – во август и во септември.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад