Во Градскиот парк во Кавадарци денеска почнува петото издание на манифестацијата „Денот кога се роди добриот човек“.
Манифестацијата ја организира здружението за алтернативна култута „Алтер-Центар“ од Кавадарци во чест на Дејан Костов Лиса, соработник на најдобрите кавадаречки уметници.
Мултимедијалниот настан ќе се одвива под отворено небо и годинава во негови рамки ќе настапат кавадаречкиот рок бенд „Бадасал Трио“, а ќе има и ликовен перформанс предводен од младиот кавадаречки уметник Трајче Јованов, урбана поезија, актерски моменти и друго.