Почнува исплатата на боледувањата, породилните отсуства, системот на Фондот профункционира

Од:

Исплатата и на аптеките е започната и од утре ќе имаат средства на нивните сметки, соопшти попладнево Фондот за здравствено осигурување, откако претходно денеска извести дека нивниот систем профункционирал и стартувала исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите.

По хакерскиот напад на институцијата со којшто беа оневозможени услугите Фондот објави дека ИТ-експертите ги финализираат процесите и функционалностите и оти речиси сите модули се ставени во функција.

Со тоа, посочи Фондот, започна исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разни рефундации.

– Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, соопшти ФЗО, најавувајќи дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ-системот, за евиденција на болничките услуги

Би можело да ве интересира

Манасиевски: УМС му подготви пакетче на директорот на ФЗОМ, топка, сет кофички и лопатки за да си заигра на убавите песочни плажи на Атлантикот

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов

За директорката е успех што системот на Фондот за здравство не беше во функција „само“ две недели

Орце Костов

Здравствените работници јануарската плата ќе ја добиваат постепено во следните 48 часа

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Тимови од повеќе институции работат со странски експерти за решавање на хакерскиот напад во Фондот за здравство

Катерина Ѓуровски

Системите на Фондот за здравство во наредните денови ќе се враќаат во функција

Ана Ололовска