Почнува Граѓанскиот буџетски форум во Струмица

Од:

Во Струмица утре и на 7 декември ќе се одржат две сесии на Граѓанскиот буџетски форум, како модел на партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот за 2018 година.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денеска ги повика граѓаните да бидат дел од форумот, за да може да учествуваат во креирање на буџетот и приоритеите на општината.

– Водејќи се од принципите за транспарентност, одговорност и демократско владеење, општина Струмица и оваа година, буџетот за 2018 година ќе го креира во консултација со граѓаните преку Граѓанскиот буџетски форум. Овој Форум е само еден од начините за активно вклучување на граѓаните во креирањето на локалниот развој.Тие ќе бидат наши партнери со кои ќе обезбедуваме квалитетен живот за сите, во градот и населените места, рече Јаневски.

Тој додаде дека по одржувањето на јавните собири во месните и урбаните заедници добиле околу двесте предлози.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски