Почнува делењето на изборниот колач – Заев со Ахмети ги започнува преговорите

Од:

Роковите за екипирање на новиот владин кабиент течат.По добивањето на мандатот, лидерот на СДСМ веднаш ги започна разговорите за составот на новиот владин кабинет. Зоран Заев денеска официјално започнува со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

По усогласување на ставовите меѓу СДСМ и ДУИ, понуда ќе има и за останатите партнери од парламентарното мнозинство.

Многу имиња и комбинаторики се вртат во јавноста. Она што е извесно е дека Заев ќе бара и ќе даде квалитетни решенија, но нема да го раситни премногу пратеничкиот состав. Нема како во сите досегашни Влади, пратениците веднаш по добиените избори да влезат во седнат во владините фотељи. На Заев му е неопходна и квалитетна пратеничка група.

И она што е многу значајно има согласност кандидатите што би биле предложени за министерски позиции, но и на други јавни функции, да не бидат опфатени од истраги на СЈО, односно зад нив да нема никакви корупциски афери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?