Почнете од мене – Ахмети бара да се отвори истрага за се и за сите од ДУИ

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека за никого не треба да има амнестија, а државните органи слободно може да вршат истаги. Да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега, побара партискиот лидер.

„Ќе нема амнестија или заштита од моја страна, органите нека истражат, се што ги интересира државните органи, слободно да вршат истраги и да се открие вистината“, изјави за ТВ21 претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Ахмети апелираше да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ, односно за сите функционери, почнувајќи токму од него. Ахмети рече и дека Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто

„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина“, изјави Ахмети за ТВ21.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски