Почнаа викенд акции за бесплатни превентивни прегледи

Од:

Министерството за здравство од денеска во скопското село Петровец започнаа викенд акции за бесплатни превентивни прегледи на населението во рурални средини. Прегледите се вршат во заедничка соработка на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Како што соопшти Министерството за здравство, според планираните активности, во текот на акциите се реализираат антропометриски мерења(телесна тежина и висина), мерење шеќер, холестерол и хемоглобин во крвта, крвен притисок и ЕКГ. По добивањето на резултатот од вредностите на анализите, корисникот на услугата добива соодветен медицински совет.

Целта на ваквите акции е  преку доближување на здравствените услуги до населението да се превенираат или да се постигне рана детекција на метаболните, кардиоваскуларните заболувања и анемијата.

– Покрај функционирањето на проектот „Рурален доктор“ во текот на работните денови, Министерството за здравство ги воведува и викенд акциите кои придонесуваат кон зголемување на достапноста и квалитетот на здравствените услуги, како и кон стекнување на квалитетни здравствени навики, наведуваат во соопштението од Министерството за здравство.

Во текот на минатогодишната акција беа посетени 51 населено место од рурални средини, при што беа реализирани 2.481 преглед.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски