А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почнаа археолошки истражувања во Љубаништа

by А1он14/10/2013 - 20:2315/10/2013 - 14:23189
Share0

Започнаа археолошките истражувања во Љубанишко поле во чија околина треба да се гради помпезно најавуваниот хотелско туристички комплекс на Индиецот Субарата Рој.

Добивај вести на вибер

Пет археолози до крајот на оваа година треба да утврдат што точно се крие на овој локалитет за кој се знае дека има средновековни градби кои некогаш биле евидентирани и лоцирани на просторот но досега не биле истражени. Станува збор за двата локалитети, Раица Манастириште и црквата Света Богородица.

paskali buntaseska

„После добиеното одобрение и дозвола од страна на Управата за заштита на културното наследство и потребните средства од Министерството за култура ние започнавме со неопходните археолошки истражувања. Истражувањата ќе траат се додека целосно не се истражи просторот. Очекуваме тоа да се случи до крајот на оваа календарска година. Ќе гледаме што повеќе да истражиме со парите кои го добивме, односно да ги одредиме границите на археолошките локалитети и видот на археолошките локалитети за да можеме да изработиме заштитно конзерваторски основи со што локалитетите ќе бидат заштитени и презентирани, рече за А1, Тања Паскали Бунташеска директор на Завод и музеј Охрид.

Бунташеска вели дека немаат никакви реакции од страна на надлежните државни институции во врска со нивните активности на просторот во чија што околина треба да никне и туристичкиот комплекс

.
„Идејата за археолошки истражувања беше поткрената од надлежните институции и тоа беше во договор со нив. Немаше никаква реакција за забрана за изведување на тие ископувања. Се работи за локалитети кои се претходно евидентирани и ние знаеме од претходно дека тие постојат како такви. На заеднички состанок со Министерство за култутра и Министерство за транспорт и врски е одлучено да се доделат средства за вршење на тие археолошки истражувања. Целата постапка ќе оди легално и по барање на министерствата и никој не се спротистави на таквата одлука“ рече Бунташевска.

Мики Трајковски

arheologijaohrid

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

Горан Наумовски14/12/2025 - 09:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен