Почна втората фаза од комуналното уредување на станбените блокови во Струмица

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица ја почна втората фаза од комуналното уредување на просторот во поранешната касарна.

Согласно урбанистичките планови кои се однесуваат на изградба на станбени блокови „Комуналец“ до крајот на годината во овој реон треба да постави 5.123 метри водоводни и канализациски цевки во вредност од 24.564.000 денари.

– Од планираните актиности досега имаме поставено 1.859 метри цевки. Очекуваме до крајот на годината да ја заокружиме оваа кативност во целина. Искоординирани сме со плановите на Општината и нејзините приоритети за асфалтирање на улиците. Откако ќе завршиме со поставување на комуналната инфраструктура, општината ќе ги тампонира и асфалтира овие улици, изјави Андреј Тошев од ЈПКД „Комуналец„ Струмица.

Од 2014 година, локалните власти започнаа со инфраструктурно уредување на овој дел од градот при што поставиле 3.500 метри водоводни и канализациони цевки во вреднсот од 12.500.000 денари обезбедени преку општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица