ВИДЕО: Се урива дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Од:

Само еден ден по владината одлука ЈП „Македонијапат“ почна да ја урива дивoградбата пред ДТЦ „Мавровка“.

Бетонските столбови ги урива еден багер, а просторот окулу е под силно полициско обезбедување.

Една сообраќајна лента кај „Мавровка“ е зафатена со полициски возила, а новинарските екипи и голем број граѓани го следат уривањето од крстосницата па сообраќајот е закочен и Бит пазар ечи од кршњето на бетонот, но и од сирените на нервозните возачи кои остануваат заглавени на семафорот и по дваесетина минути.

Уривањето се одвива без пречки.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот