Почна тридневниот штрајк на судската администрација

Од:

Судската администрација денеска го почна тридневниот штрајк, кој во петок, како што најавуваат организаторите, ќе премине во протест. Тие бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.

Штрајкот ќе биде целодневен, а денеска и утре во период од 10 до 11 часот судските службеници своето незадоволство ќе го искажат пред судовите. За време на штрајкот ќе биде овозможено минимум непречено извршување на функциите на судот, односно ќе се одржуваат само итните и притворските предмети.

– Штрајкот почна и задоволни сме од одѕивот. Имаме информации дека излезноста е 95 проценти. Имаме поддршка од нашите членови, но и од оние кои не се членови на Синдикатот, изјави Трпе Дејановски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

За петок организаторите најавија протест кој што ќе започне во 12 часот од Собранието на Република Македонија, ќе продолжи пред Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

Штрајкот го организираат Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба. Преговорите почнаа како резултат на предупредувачкиот штрајк што беше одржан на 3 декември 2015 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје