ВИДЕО: На Латас му се заканува казна од 4 години затвор, тој побара изземање на бомбите

Од:

На новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас, кој е обвинет во случајот „Тотал“ му се заканува казна затвор од минимум четири години. На денешното рочиштето не беа присутни претставници на правните лица.

Судот за правните лица „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ И „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ СКОПЈЕ побарал присуство на претставници, бидејќи управителот Драган Павловиќ-Латас е обвинет во постапката. Фирмите биле пријавени на домашна адреса на Латас.

Откако поканите биле неуредно вратени, судот побарал од Латас да определи застапници од фирмите. На ова, Латас преку писмено известување информирал дека поради мерката претпазливост е спречен да определи претставници, но и забранува судот да определи, бидејќи сакал тоа да се лица во кои тој имал доверба.

Судијката Софче Гаврилова-Ефремова побара од одбраната денес да бидат назначени претставници, бидејќи смета дека намерно се одолговлекува овој процес, во спротивно, ќе се назначат адвокати по службена должност. Во однос на правното лице Медиа Макс Дооел скопје, повторно поканата за претставници, по два обиди се врaтила со забелешка дека таму немало означено дeка постои такво правно лице.

По ова, управителот Петар Вељановски известил дека поканата ја добил на домашна адреса. Управителот рекол дека не е во можност да допатува од Охрид каде живее до Скопје. Централен регистар го известил судот дека правните лица немаат извршено промена на адресата. Во однос на правното лице „Медиа макс“, управителот Петар Вељаноски вчера го известил судот дека поради неговите работни обврски, замолува да се оправда неговата неможност да се јави на суд. Судот не најде разбирање и објасни дека ова е несериозен пристап.

Судот констатираше дека од одбраната на Латас биле доставени неколку писмени поднесоци и тоа барање за дополнување на листата на докази со изготвеното вештачење на одбраната и истото е проследено до обвинителството, потоа два поднесоци од државното правобранителство кое барало оштетно побарување, доставен е и поднесок со кој се бара пред главната расправа судот да даде можност за жалба, но и да го одбие доказот наодот и мислењето од вештачење доставен од страна на обвинителството.

Адвокатите на Латас барале и второ дополнување на доказите, поднесок имало и вчера со дополнување на докази со алтернативно мислење и со истиот се бара судот да одбие дел од доказите, бидејќи според одбраната биле прибавени на незаконски начин.

Овој совет на судии, не нашол причини за одбивање на доказите, ниту пак да постоење на причини за издвојување на докази стекнати на незаконски начин. Судот остави можност во доказната постапка, по однос на приговор за одреден доказ, да одлучи со образложено решение. Воедно, судот смета дека дел од приговорот кој се однесува за застареност на кривичното дело, веќе е ценет од друг совет.

„Денес ќе известиме кој ќе ги застапува правните лица”, рече адвокатката Светлана Савиќ, а на ова судијката укажа дека ако не го направи тоа, адвокат ќе биде поставен по службена должност. „Во ЗКП има и други одредби кои се однесуваат на работата на советот. Ние како нивна одбрана поднесовме опширен поднесок, се надеваме дека поради љубопитност ќе закаже седница. Ние во поднесокот кажавме дека има докази прибавени на незаконит начин и имаме нееднаквост во орудијата, затоа бараме да бидат изземени”, рече адвокатката Светлана Савиќ.

За денешното рочиште не беа исполнети законските процедури, бидејќи немаше претставници на правните лица. Судот закажа рочиште за главна расправа на 7 декември.

Во случајот „Тотал“ е обвинет новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ Латас, заедно со три фирми: Тотал Маркетинг Доел, Тотал Медиа Центар и Медиамакс, во кои тој се јавува како сопственик или управител.

Според обвинението Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите за данок не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски