Почна средбата на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“

Од:

Почна средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

Премиерот Груевски на средбата е придружуван од Мартин Протогер, шеф на неговиот Кабинет, од министрите за внатрешни работи и за здравство, Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров и од пратеничката Силвана Бонева.

На оваа традиционална предновогодишна средба ќе стане збор за реализацијата на Програмата на коалицијата во текот на годинава што изминува, како и за приоритетите и активностите што ќе следат во 2013 година. Се очекува да бидат разгледани и актуелни политички прашања како случувањата и настаните околу донесувањето на буџетот за следната година, напредокот во однос на евроатлантските интеграции и претстојните локални избори.

Би можело да ве интересира

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%