Почна скратеното работно време, угостителите бараат помош од Уставниот суд

Од:

Новите рестриктивни мерки кои ќе важат до 20 јануари стапија на сила од вчера. Со нив, меѓу другото, ограничено е работењето на угостителските објекти до 18 часот, наместо до 21 часот. Тие, пак, поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста од ваквата одлука на Владата.

– Ја поднесуваме оваа иницијатива се со цел да укажеме на неправилностите на селективната политика што се води кон угостителската индустрија, надевајќи се дека Уставниот суд ќе реагира брзо и дека ќе имаме можност уште наредната недела да го вратиме последното работно време се со цел новогодишните празници да ги испратиме како што треба, изјави претседателот на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски.

Комората бараше итна средба со Владата на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за дополнителна финансиска помош за угостителскиот сектор.

– Никој не ја спори мерката, ја почитуваат сите угостители максимално, проблемот е што мерката не е пропратена соодветно со надомест на штета со правото кое ни е ограничено да можеме нормално да работиме и со кое ни е одземено, а согласно Уставот сите сме еднакви и рамноправни, рече Здравковски.

Проценките на угостителите се дека со оваа најнова мерка ќе имаат штети од околу 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска