ФОТО: Почна сезоната за капење во Охрид

Од:

Топлото време и високите температури ја отворија сезоната за капење во Охрид.

Викендов плажите по Охридското езеро беа солидно исполнети.

Водата во езерото достигна температура и од 20 степени.

Најголем дел од присутните по плажите беа охриѓани, додека низ градот можат да се забележат и групи со странски туристи.

Фотографиите се направени на градската плажа во Охрид, во близина на Младинскит центар.

Инаку за охриѓани важи дека најмногу на плажа одат пред почетокот на главната туристичка сезона, односно од крајот на мај до почетокот на јули и во септември кога според нив е најубав период за капење.

Глвната сезона во Охрид по традиција почнува на први јули.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките