Почна реализацијата на активностите од „Европската недела на мобилност“

Од:

Во организација на одделението за Локален економски развој при општина Струмица, денеска, во просториите на поранешниот дом на АРМ, се одржа средба со претставници на НВО секторот од социјалната сфера и лицата со посебни потреби, а на која во центарот на вниманието беше темата „Пристапност до јавен транспорт и мобилност“, со што практично и почна одбележувањето на „Европската недела на мобилност“.

На средбата, на која учествуваа и претставници на општина Струмица и јавните институции, се разгледуваа проектите кои што општина Струмица ги има реализирано во последните неколку години, а се разговараше и за проблемите со кои се соочуваат овие лица и како општината може да помогне за тие проблеми да се решат. Софче Иванова од одделението за Локален економски развој, информираше и за другите активности кои од денеска до 22 септември ќе се спроведат во општина Струмица.

-На неколку улици во градот ќе се врши теренски увид, како и на улиците и тротоарите околу општинското основно училиште „Сандо Масев“ и тоа в четврток на 18 септември, каде граѓаните ќе можат на лице место со претставниците на јавните институции да дискутираат за состојбата на тротоарите, за фрлањето на отпадот, за паркирањето на возилата, дали децата имаат пристап или не.

Најголемиот акцент во сите градови кои учествуваат во „Европската недела на мобилност“ ќе биде ставен на настанот планиран на 22 септември, а тоа е светскиот ден без автомобили. Токму поради ова, ги поканувам граѓаните, учениците, вработените во јавните институции и приватниот сектор да земат масовно учество во возењето на велосипед. Планирана е велосипедска поворка која ќе стартува од плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се движи по булеварот „Маршал Тито“ до кружниот тек кај ЕВН и назад. Целта на овој настан е да се затворат сообраќајниците и да се промовираат алтернативните мерки на транспорт, рече Иванова.

„Европската недела на мобилност“ е проект на ЕУ, кој секоја година преку кампањи за одржливост на мобилноста се спроведува во урбаните средини.

DSC_0020

DSC_0019

DSC_0017

DSC_0015

DSC_0002

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски