Почна првиот рок за упис во гостиварските средни училишта, има 1.900 места

Од:

Во четирите државни средни училишта во општина Гостивар започна уписот на новата генерација средношколци. За следната учебна година отворени се вкупно 1.904 слободни места.

Најмногу места има во средното техничко училиште (714). Во ова училиште предвидено е да се девет паралеки на албански, осум на македонски и четири на турски јазик. Полуматурантите можат да избираат повеќе струки: машинска, електротехничка, хемиско технолошка и други. Минимумот бодови за упис се движи од З0 до 55.

Во средното медицинското училиште, предвидени се 272 места, и формирање на четири паралеки на албански и по две на македонски и на турски јазик. Идните средношколци ќе бидат поделени во струките медицинска сестра и забен техничар. За упис во ова училиште минимумот на бодови е највисок 70.

Со минимум 60 бодови, во гостиварската гимназија може да се запишат 476 полуматуранти. Во ова средно училиште ќе се формираат девет паралелки на албански, три на турски и две на македонски јазик.

Во средното економското училиште има вкупно 442 места. На албански јазик предвидени се седум паралелки, на македонски пет и на турски јазик, една. Учениците може да избираат меѓу неколку струки: економски, банкарски, маркетинг или правен техничар и деловен секретар. Минимум бодови за упис во ова училиште потребни се 60 бодови.

Бројката во конкурсот на Министерството за образование и наука е иста како неколку години наназад. По завршувањето на уписите, предвидените слободни места не се пополнуваат и училишните управи со тешкотии ги формираат паралелките особено во техничките струки. Уписите ќе траат денес и утре.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски