Почна протестот против отворањето на рудникот Иловица-Штука

Од:

Во струмичко Босилово почна протестниот марш против отворање на рудникот Иловица – Штука.

Стотина поддржувачи на организаторот Младите од Иловица и Штука, како активисти на еколошките здруженија и жители од селата, со трнспаренти на кои пишува „Стоп за рудникот на смртта“, тргнаа кон општинската зграда на Босилово каде што со протестен говор ќе ги испратат своите барања.

Извикуваат „Ние одлучуваме“, „Рудник нема да има“, „Профитери назад“.

Ова е еден од низата протести во последниве две години на кои се бара да се спречи отворање на рудникот за бакар, и жителите ппрачуваат концесионерот „Еуромакс рисорсис“ да си замине од тука.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

A1on

После час и половина чекање, Бектеши ја одложи средбата со новинарите на тема рудници

A1on