Почна одбележувањето на Денот на АРМ, централниот настан закажан за утре

Од:

Со свечено постројување, положување цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на АРМ и соопштување на имињата на унапредените, доделување плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки, пред зградата на Министерството за одбрана денеска почна одбележување на Денот на АРМ.

Централната прослава е предвидена за утре, а задутре кога всушност е Денот на АРМ – 18 август, на воениот стадион во Градскиот парк со презентација на армиското вооружување и опрема ќе се направи обид вооружените сили да се доближат до граѓаните.

Со наредба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска во чин потполковнкци беа унапредени двајца мајори, двајца капетани беа унапредени во чин мајор, а еден постар водник од прва класа беше унапреден во наредник.

Со наредба на началникот на Генералштабот на АРМ, Методија Величковски, пет мајори беа унапредени во потполковници, еден капетан се стекна со чин мајор, а еден наредник со чин главен наредник.

На манифестацијата по наредба на министерската Шекеринска на повеќе лица им беа доделени сребрена и бронзена значка за долгодишна служба во АРМ, а вработени во МО поради нивната работа беа наградени со десет дена наградно отуство.

На Агенцијата за разузнавање и беше доделена благодарница за плодна и долгогодишна соработка во јакнење на АРМ и афирмирање на одбраната на РМ.

Беа врачени и пехари за победничките екипи во натпреварите во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг, крос трчање и пехар за севкупниот победник на спортските натпревари, кои беа организирани по повод денот на АРМ.

Потполковник Тони Јаневски, портпарол на Генералштабот на АРМ, истакна дека Армијата и ГШ и годинава ги организираа сите активности што се спроведуваат традиционално изминативе 26 години.

– Централната прослава ќе се организира утре, на неа ќе бидат присутни највисоките државни раководители, воениот врв и претставници на дипломатскиот кор. В сабота ќе имаме активности со цел да ја приближиме АРМ кон граѓаните, на која ќе имаат можност да видат изложба на тактичко-технички средства и опрема, вооружување. Оваа година тоа ќе биде збогатено и со голем број активности од припадниците на нашите единици, како што се Полкот за специјални операции, од Баталјонот за почести, Воениот оркестар и Командата за обуки и доктрини, кои со своите активности кои ќе бидат интересни за граѓаните на РМ, рече Јаневски.

Потполковник Драган Кузмановски, кој е еден од унапредените припадници на АРМ, вели дека секое унапредување дава поттик за натамошно вложување и максимален придонес во остварување на целите и со целиот свој капацитет да се даде својот личен придонес за заедничкото добро за Армијата.

Мајор Игор Јакимовски, припадник на полкот за специјални операции, кој е севкупен победник во традиционалните спортски натпревари рече дека оваа единица го освоила првото место во шест спортови.

– Спортот е многу важен дел од борбената обука во АРМ, ние на тоа посветуваме многу внимание. Секој наш припадник мора да е физички многу подготвен и токму тоа ја дава сликата за нашите припадниц, нагласи Јакимовски.

Одбележувањето продолжува утре во МО, каде ќе присуствуваат врховниот командат на вооружените сили на РМ, државниот врв, претставници на дипломатскиот кор.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната