Почна обуката на осмата генерација кандидати за пилоти во АРМ

Од:

Осмата генерација на кандидати за пилоти за потребите на Армијата на Република Македонија денеска свечено ја почнаа обуката во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

– Од 80 пријавени на Конкурсот, шестмина ја завршија ригорозната селекција и имаат можност да бидат образовани во еден од најсовремените центри во Европа, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски и додаде дека од самите почетоци до денес, Центарот покажа одлични резултати.

Тој нагласи дека годинава се отвора и нова можност за младите луѓе кои имаат завршено средно образование да се пријават на Конкурсот на питомци на Воената академија, каде ќе поминат четири години на катедрата за воено воздухопловство – насока пилот, од кои три семестри ќе поминат во Центарот за обука на пилоти. Тој ги повика сите кои ги исполнуваат условите да се пријават на отворениот Конкурс на Центарот, кој завршува во септември, по што ќе се изберат шест до осум кадети – идни пилоти.

Во оваа класа, обуката за воен пилот ја почнаа шест кандидати кои поминаа низ ригорозен процес на тестирање кое вклучува психолошки тестови, физички и медицински проверки, како и селекција на земја од две недели и селекција во воздух со налет од 10 часа.

Обуката на кадетите е во времетраење од 18 месеци, а се состои од теоретска подготовка, практична обука и летови на високотехнолошките симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната