Почна изградбата на првата фаза од патот до штипското село Долани

Од:

Општина Штип со европски средства почна да го гради локалниот пат до селото Долани. Во првата фаза ќе бидат завршени 1,2 километра.

Како што информира раководителот на Одделението за инспекциски надзор во Општината Тоше Ѓорѓиев, локалниот пат се гради преку викенд населбата Плуждино, а изведувач на работите е Коле транс инженеринг која го доби тендерот преку електронска аукција.

– Минатата година беше распишан конкурс за аплицирање на општините за добивање средства за подобрување на условите во руралните средини и преку Министерството за финансии и ИПА проектот за рурален развој. Општина Штип ја доби оваа апликација и сега почнуваме со реализација на проектот за изградба на пат до село Долани, рече Ѓорѓиев денеска на прес-конференција.

Општина Штип за реализација на првата фаза од изградбата на локалниот пат доби 120.000 евра, а се очекува градежната компанија овој дел од патот да го изгради до крајот на август, за 40 дена.

Ѓорѓиев истакна дека до селото Долани ќе останат неизградени уште околу 7,5 километри, за изградба на поголемиот дел од патот до штипското село Долани во наредниот период Општината ќе аплицира повторно до европските фондови или до Агенцијата за рурален развој, со цел да се изгради патот кој е во должина од околу девет километри.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена