Почна изградбата на паркот „Макфест“ во Штип

Од:

Градежната фирма „Актива“-Штип од денеска почна да го гради паркот „Макфест“, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов“, каде секоја година се одржува фестивалот на забавна музика „Макфест“.

Директорката ан Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека средствата од 130.000 евра се обезбедени од Министерството за локална самоупува преку Бирото за рамномерен регионален развој.

– Паркот на „Макфест“ е прв на приоритетнната листа за финасирање за проекти, за кои што средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој или поточно тоа се средства од националниот буџет преку Бирото за регионален развој, вели Здравева.

Нада Наџинска од Одделението за урбанизам во Општина Штип вели дека проектот содржи фонтана, плато до фонтаната, парк кој ќе се обнови со нови стази, а ќе има и висечки мостови околу фонтаната на кои ќе има канделабри и звучници за да може да се слушат песните од фестивалот „Макфест“.

– Во попладневните часови, два часа од 18 до 20 часот ќе се слушат познатите рефрени од „Макфест“ , а деновите кога ќе се одржува „Макфест“ преку цел ден ќе се емитуваат песните. Овде ќе имаме и еден простор, каде што на плочки ќе се означуваат, забележуваат сите победници на фестивалот од претходните години и оние кои што ќе бидат победници, рече Наџинска.

Покрај фонтаната во паркот ќе има и амфитеатар, кој ќе го поврзува платото на фонтаната со пешачката зона. Рокот за изградба на паркот „Макфест“ е еден месец.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“