Почна изградбата на нова црква во селото Спиково, општина Пехчево

Од:

Во рамки на традиционалната роднокрајна манифестација „Спикијада“ денеска на големиот државен, национален и верски празник Илинден, со чинот осветување на темели започна изградбата на нова црква во селото Спиково, во општина Пехчево.

На пригодната свеченост на присутните празникот им го честита, ги поздрави и каментемелникот на новата црква го положи градоначалникот Игор Поповски.

Со празничната богослужба чиноначалствуваше свештенослужителот Горан Димитковски од Малешевското архиерејсто намесништво на МПЦ- ОА.

– Спиково има богата историја, во него постојано но сигурно се враќаат одамна иселените жители. Минатата година изградивме вододвод, годинава планираме реконструкција на патот, а за наредната година и електрификација, изјави Николчо Зафировски, претседател на организациониот одбор на Манифестацијата „Спикијада“.

За сите учесници во програмата и за гостите беше приредена илинденска трпеза со познатите малешевски специјалитети.

„Спикијадата“ продолжи со општонардона веселба.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?