Почна изградбата на градинката во штипската населба „Сењак“

Од:

Почна изградбата на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека по 30 години во Штип се гради ваков капитален објект, во кој ќе се згрижат 200 деца.

– Се работи за еден прилично скап проект кој изнесува околу 50.000.000 денари, односно околу 800.000 евра. Седумдесет проценти од оваа сума се средства обезбедени од буџетот на општина Штип, додека околу 30 проценти од Центарот за развој на Источно планскиот регион преку Биро за рамномерен и регионален развој, рече Бочварски.

Славејко Ѓорогиев од градежната фирма „Вардар градба“ од Скопје истакна дека објектот ќе биде готов за една година.

– Станува збор за објект со површина од 1.600 метри квадратни, ќе биде само на приземје и ќе биде изграден со квалитетен материјал, како што е предвидено во техничката документација, вели Ѓоргиев.

Новата детска градинка во населбата Сењак ќе биде изградена по сите стандарди кои ги пропишува законот за ваков вид на градби.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски