А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна функционирањето на системот за донирање на облека

by А1он10/03/2016 - 16:1098
Share0

Од денеска почна да функционира системот за донирање на облека, кој претставува проект изработен од страна на асоцијацијата „Ајде Македонија“ и ДСУ „Наум Охридски“ – Скопје.

Добивај вести на вибер

Неговите цели се намалување на фрлањето на отпадот од текстил, помагање на лицата од социјално загрозени семејства и овозможување на лицата со посебни потреби да покажат дека можат многу да придонесат во општеството.

Овој проект ќе им овозможи на граѓаните стариот текстил, посебно стара облека да ја донесат во контејнерот, кој е поставен пред училиштето. Со тоа ќе придонесат кон здравата животната средина, подобрување на благосостојбата на социјално загрозените лица и на учениците со посебни потреби кои ќе можат да покажат што умеат.

Проектот, кој се изведе во координација и директна вклученост на тимот на „Ајде Македонија“ и во соработка со кадарот на училиштето овозможи учениците со посебни образовни потреби од сите струки целосно да го изработат целиот процес на собирање, преработка и донирање на стариот текстил.

Контејнерот е изработен од машинската струка, градежната струка го бојадиса контејнерот за текстил, графичката струка ги направи флаерите за промоција, додека текстилната струка ќе се грижи за преработка на текстилот за да добие форма која е соодветна за употреба.

Акцијата се реализира како дел од програмата на Цивика мобилитас имплементирана од Македонскиот центар за европско образование.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен