Под мототот „Ултиматум НЕ благодарам“ денеска по 10-ти пат започна протесниот марш на македонска опозиција. Маршот започна од пред згрдата на Владата на Македонија. Протестантите ќе минат покрај зградата на МНР, а маршрутата ќе заврши пред Собранието.
„Во предвечерието на расправата во Собранието за предлогот кој ја бугаризира Македонија да излеземе масовно, да протестираме мирно и достоинствено. Пред владата во 19 часот, преку МНР до Собрание. Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам!“, повикаа организаторите на протестот „Ултиматум – не, благодарам!“.
Протести ќе има и утре, но со нов распоред. Македонската опозиција повика на протести токму напладне кога Собранието ќе го разгледува францускиот предлог, а претседателката на Европската комисија ќе им се обрати на пратениците.
Првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, уверува дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки.