Почна бесплатниот јавен превоз во Македонска Каменица

Од:

Почна бесплатниот јавен превоз во Македонска Каменица што ќе го користат околу 600 лица, претежно пензионери од селските средини на општината, но и лица кои живеат во социјален ризик.

Според градоначалникот Дарко Митевски, интересот е голем, а тоа значи дека овој проект е многу значаен за жителите од селските средини.

– Едното комбе ги качи првите патници од Костин Дол, а второто од Саса 2. Сега треба добро да се запамти распоредот на превозот. Верувам дека ова е добар проект кој е во интерес на граѓаните, истакна Митевски и додаде дека двете комбиња што Општината ги набави минатата година ќе се користат и од НВО секторот, пензионерите, спортските клубови, со цел да се подобрат условите во Македонска Каменица.

На реализацијата на проектот за бесплатен превоз на пензионери и социјално загрозени лица кои живеат во селските средини му претходеше јавен повик за поднесување барања. Бесплатниот превоз ќе се организира еднаш неделно, во петок, кога е и пазарен ден во Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски

Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Ана Ололовска