Почна асфалтирањето на обиколницата во Штип

Од:

Градежната компанија „Актива“ од денеска почна со асфалтирање на обиколницата од населбата „Сењак„ до булеварот „Гоце Делчев“. Директорот на ЈП „Стипион“, Игно Иванов на денешната прес-конференција истакна дека во првата фаза се асфалтираат околу еден километар, до крајот на градежната сезона се очекува да биде поставен и мостот на реката Брегалница кој е во должина од 60 метри, а инвестицијата на општина Штип изнесува околу 43 милиони денари со ДДВ.

Иванов потенцира дека оваа обиколница ќе значи растоварување на сообраќајот по булеварот „Гоце Делчев“ и кај Камениот мост, а жителите на поголемите штипски населби „Сењак“, „Баби“, „Дузлак“, „Дузлачки рид“, „Света Недела“ и „Автокоманда“ ќе имаат директна врска со индустрискиот дел на градот.

– Компанијата „Актива“, која пред пет до шест месеци го започна овој проект, веќе започнува со асфалтирање. Во тек е и изградбата на мостот кој што е во должина од 60 метри. Тука не застануваме овој пат ќе продолжи и преку улицата „Велјко Влаховиќ“ и ќе завршува до бањата Кежовица, изјави Иванов.

Ширината на коловозот на обиколницата е седум метри, а ќе има и тротоарна површина од два метра, за безбедност на пешаците кои ќе се движат или се враќаат од индустрискиот дел на Штип. Предвидена е и изградба на кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешна „Алумина“.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена