Почна асфалтирање на патот до манастирот Трескавец

Од:

Од денеска почна асфалтирање на патот до манастирот Трескавец кај Прилеп. Изведувачот на работите, Градежното претпријатие „Гранит“ информира дека се останати уште 400 метри за пробивање.

Инаку, патот е долг 7,5 километри и се гради со околу 2 милиона евра, пари на Министерството за транспорт и врски.

– Како што се одвиваат работите асфалтирањето може да заврши и пред 28. август – Голема Богородица кога е и денот на Манастирот. Се надеваме дека и обновата на конаците може да почне идната пролет, вели отец Калист, редовниот жител на Трескавец.

Како што објаснува директорот на ЈП Водовод и канализација, Сашо Николоски направен е и проект за изградба на водоводот во Манастирот.

Според Заводот и музеј готов е проектот за обнова на манастирските конаци, кои страдаа во катастрофалниот пожар на 4. февруари оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски

Трескавец се уште во опасност, голем број доброволци се борат со огнената стихија

Наум Локоски

Околу 140 луѓе внимаваат на пепелиштето околу манастирот Трескавец

Ана Ололовска

ЦУК: Пожарот околу манастирот Трескавец ставен под контрола

Ана Ололовска