„Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ – кампања за безбедност во сообраќајот

Од:

„Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ е слоганот на кампањата за подигање на јавната свест за безбедност во сообраќајот, што ја почна денеска Владата во координација со повеќе институции.

– Податоците покажуваат дека во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот. Бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година изнесува 198 лица или девет жртви на секои 100 илјади жители. Оваа состојба може и мора да се надмине, зависи од секој од нас, од секој член на нашето општество, од секој возач на автомобил, секој велосипед и возач на мотор, од секој пешак и од секој учесник во сообраќајот, рече на прес-конференција премиерот Никола Груевски.

Невниманието, потенцира, е немилосрдно и може да наштети на секого.

Централна порака на кампањата е „Вози безбедно, вози со појас“ и се однесува на возачите на автомобили, камиони, автобуси, кои процентуално се најголеми учесници во сообраќајот. Преку кампањата се апелира и за почитување на правилата за некористење мобилен при возење и за почитување на ограничувањето на брзината според условите на патот.

Владата ја организира кампањата во соработка со министерствата за здравство, за внатрешни работи, а вклучени се и јавни личности со влијание во областите.

За реализацијата на кампањата се одвоени 500.000 евра.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски