Почина жена од Куманово прегазена од автомобил

Од:

Вчера околу 17:20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во близина на месноста „Ливади“, автомобил „Ситроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.М.(66) од Куманово, удрил во Б.М.(79) од Куманово, соопшти МВР.

По незгодата, жената била пренесена во Ургентниот центар во кумановската болница, каде ѝ била констатирана тешка телесна повреда, по што е испратена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 23,30 часот починала, се вели во полициското соопштение.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино