Вчеравечер, во 20 часот и 40 минути во СВР-Скопје, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека на 38-годишниот осуденик А.Л., додека бил во ќелијата му се слошило.
Тој со возило на КПУ-Идризово бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. МВР работи на расчистување на случајот.