Почина Тетовец при пад од покрив

Од:

Е.И. (61) од тетовското село Палатица починал на пат кон скопските клиники од задобиените тешки телесни повреди по главата и телото при пад од покрив од висина од околу 10 метри на бекатонската подлога околу куќа во селото, информира полицијата.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Е.И. нешто пред 11 часот заедно со својот 20-годишен внук го поправал покривот од куќа на нивен роднина при што веројатно се лизнал на најлон и паднал. Со возило на роднини околу 11 часот е донесен во тетовската клиничка болница со тешки телесни повреди по главата и телото од каде по укажаната лекарска помош како итен случај бил препратен на скопските клиники но, по пат им подлегнал на повредите.

Јавен обвинител заедно со екипа на СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид на местото на несреќата и по наредба на обвинителот телото е предадено на семејството.

Инцидентот се води како несреќен случај, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски