Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција

Од:

Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција.

Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер…

Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил.

– Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани, стои во информацијата.

Сочувство до семејството упати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко изразувајќи жалење за загубата на својот колега и пријател.

Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата