Почина снимателот и фотограф Лука Суша

Од:

Фотографот и снимател Лука Суша почина денеска (1950-2022).

Роден е во Скопје, живеел и се школувал ширум поранешна Југославија. Негови фотографии се објавени на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешна СФРЈ, како „Политика“, „Борба“, „Базар“…

Тој долги години беше снимател и во А1 телевизија, а изминатите 20 години заедно со Зоран Костески отсликаа стотици македонски села, што се на прагот на исчезнување, на тој начин заштитувајќи ги од незаборавот, за што во 2017 година беа наградени со наградата „Љубе Цветановски“ што секоја година ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија.

Би можело да ве интересира

Почина демонстрант во Париз

Горан Наумовски

Почина Билјана Плавшиќ

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ