Почина родилка на ГАК, се проверува дали имала коронавирус

Од:

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје преку соопштение информираше дека на 30-ти март, на ГАК е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 часот поради намалена плодова вода и знаци за фетално страдание е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што таа како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар.

– На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за COVID-19 чиј што резултат е стигнат на 31.03.2020, попладне во 18 часот и истиот е позитивен на вирусот. Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на одделот за интезнивна нега и терапија на ГАК. Новороденчето е изолирано и е во добра општа состојба, не е на респиратоена машина туку само е со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и ќе му биде направен тест на COVID-19, соопштуваат од ГАК.

Пациентката при приемот била без покачена температура, но во својот исказ посочила дека пред три дена имала треска и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажала и на тоа дека член на семејството има симптоми кои може да укажуваат на инфекција со COVID-19.

– Со пациентката е постапено според сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот. Вчера родилката почна да развива потешка клиничка слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Истакнуваме уште еднаш дека во текот на целокупниот престој на пациентката на Клиниката за гинекологија и акушерство, од приемот до исписот, со неа е постапувано според сите начела за превенција и заштита од COVID-19, како во поглед на изолацијта на пациентката така и во однос на преземените мерки за заштита на медицинскиот персонал и останатите пациенти, велат од ГАК.

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа, во 22 часот, починала пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне била донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба (телесна температура над 39 степени) и со мртов плод.

„На пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен е брис за COVID-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус. За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што таа беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но, за жал. во 22 часот е констатирана смрт. Причина за смртта најверојатно е сепса со масивна тромбоемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза“, информираат од ГАК.

Оттаму велат дека се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните пет месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.

„Сега починатата родилка е донесена на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје со амбулантно возило од ОБ Охрид, без претходна најава. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација на клиниката. За потсетување, еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки суспектни и позитивни на COVID-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим“, додаваат од ГАК.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираат уште еднаш сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки дадени од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и здравјето на околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел соодветно и навремено преземање на мерките кои се однесуваат на заштитата на нивното здравје, здравјето на бебето и безбедноста на здравстевниот персонал.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците