Повредениот 30 годишен работник од Злетово кој настрада на градилиштето во општина Аеродром каде се градат висококатниците, синоќа им подлегнал на повредите.
По експлозијата која се случи минатата недела на висококатниците на турската компанија „Џеваир холдинг“ работникот веднаш бил префрлен на Одделението за интезивна нега, заедно со уште еден вработен на градилиштето.
Телото на починатиот е дадено на обдукција. Вториот повреден е во стабилна состојба.