Во седудесет и осмата година од животот вчера во Скопје почина професорката Елка Димитриева, научен советник во пензија на Економскиот институт во Скопје, соопштија од Iнститутот.
– Елка Димитриева припаѓаше на доајените истражувачи на демографската област во Република Македонија и пошироко. Автор е на бројни научни трудови, стратешки документи и други проекти со кои даде значаен придонес за демографската научна мисла, се вели во соопштението.