Почина повредениот во сообраќајката на патот Тетово – Групчин

Од:

Ј.Д. (36) од Скопје починал изминатата ноќ околу 23 часот и 50 минути во Ургентниот центар како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа што во четвртокот околу три часот по полноќ се случи на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата, патничкото возило „БМВ“ со скопски регистерски таблички, во кое биле Ј.Д. и З.И. (44) од Скопје, загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива.

Двајцата скопјани со сериозни повреди веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле препратени на клиниките во Скопје каде Ј.Д. ноќеска починал додека З.И. се уште се наоѓа на болничко лекување.

Согласно полицискиот увид, причина за сообраќајната несреќа била неприлагодена брзина според условите на патот. Вкупната материјална штета била проценета на околу 300.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски