Почина новинарот Јанко Николовски

Од:

о 75-тата година од животот денеска почина новинарот Јанко Николовски. Роден е во 1946 година во Скопје, каде завршил правен факултет. Кариерата ја почнал во 1970 година во тогашната Телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и уредник на актуелно политички емисии.

Добитник е на две државни награди „Мито Хаџивасилев-Јасмин” – за новинарство во 1975 и за публицистика во 2005 година.

Беше член на неколку експертски групи на Советот на Европа во Стразбур, за прашања за слобода на медиумите. Во 2006 година беше избран за прв претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, каде остана до своето пензионирање.

Погребот ќе се одржи утре во 9 часот на гробиштата во Бутел.

Би можело да ве интересира

Ненајдено почина долгогодишниот заменик на Сергеј Шојгу

Почина актерот Лазе Манасков

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Наместо прашање за Путин, новинар ѝ предложи брак на својата девојка

А1он

Почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир

Горан Наумовски

Почина поетесата Славица Свидерска

Почина Коста Јаневски, еден од сопствениците на Антена 5 радио